Шекил О'Нил: Болен сум од тага, загубив брат и внука (ФОТО)

Цел свет тагува по американската кошаркарска легенда Коби Брајант, кој почина во хеликоптерска несреќа, а притоа животот го загуби и неговата 13-годишна ќерка Џиана Марија, како и уште три лица, чиј идентитет не се открива засега.

На социјалните мрежи се огласи и поранешниот соиграч на Коби, Шекил О’Нил, кој тагува по својот пријател и неговата ќерка.

„Немам зборови за да ја опишам мојата тага низ која минувам поради трагедијата во која ја загубив мојата внука Џиџи и мојот брат Коби брајант. Ве сакам и ќе ми недостигате. Мое сочуство до семејството на Брајант и пријателите на патниците во хеликоптерот“, напиша О’Нил.