Шекил дојде пред навивачите, ги замоли за тишина и почна да скандира: Коби, Коби... (ВИДЕО)

НБА и целиот свет не можат да се помират со смртта на Коби Брајант, кој настрада на 26 јануари заедно со својата 13-годишна ќерка Џиана Марија и уште седум лица во пад на хеликоптер во Калифорнија.

Посебно тешко му беше на неговиот поранешен соиграч Шекил О’Нил, кој беше снимен како излегува пред навивачите на Лос Анџелес Лејкерс пред „Стејплс центарот“.

Откако се појави Шекил, почнаа овации од навивачите за него, но легендарниот кошаркар ги замоли за тишина, по што почнаа да скандираат „Коби, Коби, Коби“.