
Шампионот се „удави“ во Мичиген: Детроит го разнесе Бостон (ВИДЕО)
Тимот од Мичиген, кој лани беше убедливо најслаб во лигата, а 17 години нема победа во плејоф серија, се наоѓа во низа од осум триумфи откако ноќеска го растури актуелниот шампион Бостон со 117-97. Серијата на Детроит во моментов е најдолга во лигата во моментов, заедно со онаа на Кливленд, но и најдолга на тимот од 2008 година.
Селтикс одиграа само една добра четвртина, втората, во која успеаја да ја надополнат негативата од девет разлика и на полувреме да заминат со израмнет резултат (55-55). Во вториот дел Детроит згази, водеше и со 23 разлика и го понижи шампионот кому првото место во Источната конференција му останува само сон. Тоа беше прва победа за Детроит во дуелите со Бостон по пауза од три години или по 12 порази во низа.
Прв играч на мечот беше Бисли кој постигна 26 поени, Канингем додаде 21, а Дурен оствари дабл дабл со 13 поени и 11 скока. Тејтум го предводеше Бостон со 27 поени, но тоа беше недоволно за триумф на овој меч.
РЕЗУЛТАТИ
Детроит - Бостон 117-97
Индијана - Торонто 111-91
Њујорк - Филаделфија 110-105
Вашингтон - Портланд 121-129
Мајами - Атланта 131-109
Бруклин - Оклахома 121-129
Мајами - Аталнта 131-109
Чикаго - ЛА Клиперс 117-122
Јута - Сакраменто 101-118
Хјустон - Сан Антонио 118-106