Шампионот Милвоки тргна победнички, Лејкерс загубија од Голден Стејт (ВИДЕО)

Утринава стартуваше јубилејната 75-та сезона на НБА-лигата со два атрактивни натпревари. 

Освојувачот на титулата од ланската сезона Милвоки на домашен паркет го совлада можеби најголемиот конкурент сезонава на Истокот, Бруклин со 127-104. Јанис Адетокумпо доминираше со 32 поени и 14 скока, додека Крис Мидлтон имаше 20 поени. Кај Нетс очекувано најдобар беше Кевин Дурент со 32 поени и 11 скока, Пати Милс имаше 21 поен, додека Џејмс Харден еден помалку.

Лос Анџелес лејкерс загуби пред домашната публика од Голден Стејт со 114-121. Леброн Џејмс и Ентони Дејвис има одличен натпревар со 34, односно 33 поени и по 11 скока, но Расел Вестбрук се мачеше во играта и реализираше само осум поени со лош шут од игра. Стеф Кари запиша трипл-дабл за Вориорс со 21 поен, 10 скока и 10 асистенции.