Сезоната не е почната, а веќе заврши за големо засилување на Лејкерс

Дамаркус Казинс требаше да биде едно од двете големи засилувања на ЛА Лејкерс за новата сезона во која Ентони Дејвис и Леброн Џејмс ќе се обидат да го вратат овој кошаркарски гигант во врвот на НБА-лигата, но Казинс практично ја заврши сезоната, а таа сѐ уште не ни почна.

Според „Атлетик“, 29-годишниот центар и четирикратен ол-стар играч Казинс ги скинал предните вкрстени лигаменти на тренинг и сега го очекува пауза од најмалку осум месеци, но сооглед дека во последно време имаше сериозна мака со повреди, па дури и овој најдолг период на закрепнување е прашање дали би бил доволен за да се рехабилитира. Ако успее тогаш би фатил дел од завршницата на сезоната и евентуално плејофот, ако ЛА Лејкерс успеат да избегнат сценарио како во минатата сезона.

Казинс дојде за едногодишен договор во Лејкерс вреден 3,5 милиони долари и тоа откако пропадна опцијата Каваи Ленард да ги засили, а лани потпиша за Голден Стејт Вориорс за да ја освои НБА-титулата, но на крајот на сезоната се повреди. Ова му е втора посериозна повреда во кариерата, по таа со ахиловата тетива лани.