„Сегашната НБА е смешна, во неа би постигнувал по 45 поени и тоа без – слободни фрлања!“

Трите титули во последните четири години и рекордна сезона по бројот на победи во регуларниот дел го сместуваат сегашниот состав на Голден стејт меѓу најможните во историјата на НБА и го споредуваат со слични династии како тие на Бостон селтикс, Чикаго булс и на ЛА лејкерс во времето на Коби Брајант и на Шекил О'Нил.

Последниве на почетокот од новиот милениум освоија три шампионски прстени во низа, поради што деновиве стана актуелна дебатата околу исходот на евентуалната пресметка на тогашните „езерџии“ со сегашните „воини“.

„Нема дилема, ние лесно би победиле. Тие можеби не се согласуваат со ова, но тоа е во ред. Ние имавме еден од најдобрите тимови на сите времиња, кој за малку не дојде до титулата и со скор 16-0 во плејофот. Денеска нема премногу физичка игра, сѐ се сведува на трчање и шутирање. Убеден сум дека редовно би постигнувал по 45 поени и тоа без да шутирам слободни фрлања“, изјави О'Нил.

Освен што настапуваше за ЛА Лејкерс, корпулентниот центар настапуваше и за Орландо, Мајами, Бостон, Феникс и Кливленд.