Сан Антонио: Сакаме Ленард да остане со нас уште многу години

Каваи Ленард е во лоши односи со управата на Сан Антони и сака да си замине од тимот. Сепак, Спарс не сакаат така лесно да се откажат од својот најдобар кошаркар и ќе направат сè за тој да остане во тимот уште многу години.

„Кави и неговото семејство се многу значајни за нашата организација и за нашиот град. Ќе направиме сè што е во наша моќ да изградиме што е можно подобар однос со него. Ќе ги разгледаме сите опции, но нашата примарна цел е да го задржиме Кави уште долго во редовит  на нашата организација“, изјави генералниот менаџер на Спарс, Ар Си Бјуфорд.

Ленард е една од примарните цели на Лос Анџелес лејкерс ова лето, кои ќе се обидат да направат супертим и да го намамат и Леброн Џејмс во своите редови.