Сакаше да го засени Џејмс: Јокиќ до трипл-дабл уште во – првото полувреме (ВИДЕО)

Во вечерта кога целиот свет го исчекуваше историското остварување на Леброн Џејмс, кој стана најдобар стрелец на сите времиња во НБА, Никола Јокиќ имаше свое шоу, откако оствари трипл-дабл ефект уште во првото полувреме.

Тоа се случи во неверојатниот триумф на Денвер нагетс против Минесота тимбервулфс (146-112), во кој српскиот кошаркар оствари 20 поени, 12 скокови 16 асистенции и тоа преседувајќи го речиси цело второ полувреме на клупата. Најефикасен кај составот од Колорадо беше Мајкл Портер јуниор со 30 поени, додека Гордон уфрли 24 поени.

Кај гостите забележителна партија прикажа босанскиот репрезентативец, Лука Гарзо, кој за 20 минути реализира 19 поени со девет скокови и две асистенции.