САД во големи проблеми: Уште една ѕвезда го откажа настапот на Мундобаскетот

Американците се наоѓаат во големи проблеми, зашто досега им откажаа повеќе од 30 кошаркари од НБА-лигата за настап на Светското првенство во Кина.

Поголем дел од нив немаа многу добар изговор за откажување на настапот, туку едноставно соопштија дека сакаат да бидат подготвени за новата сезона.

Еден од тие кои навистина сакаше да настапи на Мундобаскетот е Кајл Лаури, но нема да може да заигра поради повреда на палецот, која ја заработи уште во полуфиналето на Истокот против Филаделфија.

До крајот играше со големи болки, а сега докторите му забранија настап за репрезентацијата на САД.