Роуз како во старите добри времиња: Во последна секунда го сруши Феникс (ВИДЕО)

Дерик Роуз пред само една година беше човек, кој многу малку тимови сакаа да ризикуваат да потпишат со него поради хроничните повреди на двете колена. 

Сепак, поранешниот МВП сезонава покажува дека целата упорност и мака која ја вложи во враќање на старата форма му се исплати. Игра како препороден играч, како во најдобрите денови во дресот на Чикаго булс.

Утринава погоди во последната секунда за победа на Минесота од 116-114 против Феникс. Самиот ја презема одговорноста ја водеше топката до самиот истек и со скок-шут погоди чисти поени за победа на неговиот тим и уште еднаш да покаже дека и натаму е помеѓу НБА-елитата.

Роуз го заврши натпреварот со 31 поен, интересно дури 29 постигна во второто полувреме. Карл Ентони Таунс исто така беше одличен во дресот на Тимбервулфс со 30 поени и 12 скока. Кај Феникс, најефикасен беше Ти Џеј Ворен со 21 поен. 

Лос Анџелес клиперс со 103-95 славеа на гостувањето кај Сан Антонио, додека Индијана со 120-95 го победи Шарлот.