Рондо и Пол боксуваа во „Стејплс“: Лејкерс повторно загубија (ВИДЕО)

Лос Анџелес лејкерс и Хјустон рокетс направија вистинско шоу во „Стејплс центарот“, па навивачите можеа да гледаат атрактивна кошарка, но и малку бокс. 

Гостите од Тексас славеа со 124-115 и му го нанесоа вториот пораз на тимот од Лос Анџелес на вториот натпревар сезоната. Сепак, дуелот го одбележа тепачката помеѓу Ражон Рондо и Крис Пол, во која се вмеша и Брендон Играм. Сите тројца кошаркари заработија исклучувачки технички грешки.

Џејмс Харден со 36 поени ги предводеше гостинските кошаркари до победата, Крис Пол имаше дабл-дабл учинок со 28 поени и 10 асистенции. Леброн Џејмс во таборот на Лејкерс реализираше 24 поени 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

LAKERS AND ROCKETS OUT HERE THROWING PUNCHES. 😱😱😱

A post shared by House of Highlights (@houseofhighlights) on

Лука Дончиќ со 26 поени го предводеше Далас до победа до 140-136 против Минесота. Никола Јокиќ беше фантастичен за Денвер и стигна до трипл-дабл од 35 поени, 11 асистенции и 12 скока во триумфот над Феникс со 119-91.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ:
Вашингтон - Торонто 113-117
Индијана - Бруклин 131-112
Њујорк - Бостон 101-103
Филаделфија - Орландо 116-115
Чикаго - Детроит 116-118
Мајами - Шарлот 112-113
Портланд - Сан Антонио 121-108