Ретко виден циркус: Збесна, го шутна баскетот, па и им покажа среден прст на навивачите! (ВИДЕО)

Венецуела не е позната по квалитетна кошарка, но деновиве побудува интерес во светската јавност поради циркусот што се случи на еден од натпреварите од елитната конкуренција.

Инцидентот се случил во седмиот меч од плејоф-финалето во оваа држава, во кој Американецот Терел Стоглин, поранешен играч на Мериленд универзитетот, изнервиран од однесувањето на противничките фанови прво ја грабна топката од судиите и ја шутна кон кровот, за потоа, откако беше исклучен, да го фрли и дресот покажувајќи им среден прст на навивачите во салата.

Ниту присутните не му останаа должни, а најголема среќа е што не дошло до поголем инцидент во кој револтираниот кошаркар можел сериозно да настрада.