Распад на системот во Хјустон: Харден и Пол не сакаат да играат заедно!? (ФОТО)

Токму тогаш кога им се отвори шанса поради повреда на кошаркарите на Голден Стејт, Кевин Дурант и Клеј Томпсон следната сезона да ја освојат титулата во НБА-лигата, Хјустон рокетс се соочува со распад.

Американските медиуми пишуваат дека меѓу ѕвездите на Хјустон, Крис Пол и Џејмс Харден имало жестока караница, па тие повеќе не сакаат да играат заедно.

Пол синоќа побарал трејд од Хјустон, а Харден, наводно, поставил ултиматум до управата и кажал дека мора еден од нив двајца да замине.