Рапторс ќе се селат од Канада за новата сезона во НБА

Ланскиот шампион во НБА, Торонто Рапторс многу веројатно ќе мора да се пресели од Канада за новата сезона во најсилната кошаркарска лига, поради пандемијата со коронавирус и забраната за патувања од САД во Канада, објавија американските медиуми.

Иако засега нема дефиниран точен датум кога ќе стартува новата сезона, откако годинешнава заврши пред две недели со титула за ЛА Лејкерс, првите најави се дека 18 јануари е најверојатен датум за почеток, но бидејќи коронавирусот повторно зема замав, Рапторс сега ќе мора да бараат алтернативно решение за домашните мечеви.

Според најавите најверојатно Рапторс ќе играат во Луисвил во новата кошаркарска сезона, а веќе два клуба од Канада во другите спортови најдоа алтернативни решенија. Така Блу Џејс во бејзбол лигата ќе играат во Бафало, додека фудбалерите на Торонто ФЦ ќе играат во Ист Хартфорд.

Инаку Луисвил од поодамна сака да донесе франшиза од НБА во својот град и е на листата на чекање во случај на проширување на лигата, па сега доаѓањето на Рапторс токму тука е поради можноста да имаат голема поддршка ако во брзо време се стекнат услови за да се вратат навивачите на трибините во салите.