Рапер од САД со бизарна теорија: Коби Брајант не загина несреќно, тој беше – убиен! (ФОТО)

Додека буквално целиот свет сѐ уште тагува поради трагичната загуба на еден од најголемите кошаркари на сите времиња, Коби Брајант, кој загина во неделата во хеликоптерска несреќа во Калифорнија, во САД почнуваат да се јавуваат и тероии на заговор дека сето тоа не било случајно, односно дека некој намерно сакал сето тоа да се случи.

Своевиден „портпарол“ на ова тврдење на раперот Ричард Хок попознат како Принц Силенто, кој на својот твитер-профил нецели 24 часа по несреќата напиша дека кошаркарот бил – убиен.

„Коби Брајант е жртва на планирано убиство, исто како што некои се обидоа да се ослободат од мене. Јас ја избегнав стапицата, но тој не успеа. Не треба никому да се верува во оваа голема валкана индустрија“, напиша Силенто.

Станува збор за релативно познат американски пејач, чие најголемо остварување досега е хитот „Гледај ме“, кој се искачи до третата позиција на Билбоард Хот 100 листата во САД. Набрзо по објавувањето тој го избриша твитот поради многуте негативни реакции и коментари.