Раководството на НБА почна истрага поради караницата меѓу Вестбрук и навивачите

Раководството на НБА почна истрага поради пресметката меѓу Расел Вестбрук и навивачи. Тие соопштија дека ќе бидат преземени соодветните мерки доколку некој ги прекршил правилата.

Еден од навивачите, наводно, му кажал на кошаркарот да „се спушти на колена, како што е навикнат“, по што Вестбрук испрати еден куп пцовки кон него.

Во соопштението по мечот од Јута соопштија дека пет навивачи биле предупредување поради кршењето на кодексот на однесување во НБА.

„Според мое мислење, тоа е непочит. Мислам дека е расистички и дека не е пристојно“, кажа Вестбрук.

По целата драма со свое соопштениет се огласи и раководството на НБА-лигата.

„Фудбалерите и навивачите се одговорни за тоа што се случува во салата. Доколку се докаже дека некој од публиката го прекршил кодескот на однесување, тогаш ќе ги преземеме потребните мерки“, соопштија од НБА.