Први проблеми за Лејкерс: Најзвучното засилување ќе го пропушти стартот на сезоната!

Најголемото засилување на ЛА Лејкерс, Ентони Дејвис, кој летово дојде од Њу Орлеанс Пеликанс и за него, пораншниот НБА првак прати пола тим во замена ќе го пропушти стартот на сезоната и ќе паузира најмалку еден месец, објавија американските медиуми.

Дејвис се повреди на предсезонскиот меч во Кина против Бруклин Нетс и уште во првиот дел го напушти теренот. Првичните информации дека неговата повреда на палецот не е толку сериозна, сепак не се покажаа како точни.

Според последните информации, Дејвис ги повредил лигаментите на прстот и ќе мора да оди на операција, а со тоа ќе паузира во следните четири до шест недели и враќањето на паркетите, а со тоа и дебито за Лејкерс сега се одложува. Колку ќе му треба за да се врати на терените ќе зависи најмногу од брзината на рехабилитацискиот период.