Прстен на Коби Брајант продаден за неверојатни 200.000 долари!

Еден од двата дијамантски прстени што Коби Брајант им ги дал на своите родители е продаден на аукција за 200.000 долари.

Трагично загинатиот кошаркар во 2000 година доби два идентични прстени, реплики на шампионскиот од таа сезона, а истите им ги подари на своите родители.

Неговата мајка Памела го продаде прстенот во 2013 година, а тој неодамна повторно се најде на аукција, достигнувајќи бројка од над 200.000 долари.

Почетната цена била 15.000 долари,  а вредноста на прстенот достигна и до  200.000 долари.

Заедно со прстенот беше даден и документ дека истиот е автентичен, што го потпиша неговата мајка за време на првата продажба.

Се очекува наскоро уште еден прстен да биде ставен на аукција, а без сомнение дека некој заработил многу пари на овие спомени.