Продолжува војната помеѓу Кина и НБА: Ќе ви се одмаздиме - порано или подоцна!

Кина подготвува „одмазда“ за НБА-лигата и сите вклучени во поддршката на луѓето од Хонг Конг против земјата, пренесуваат тамошните медиуми.

Една кинеска државна  телевизија „ЦЦТВ“, остро ја критикуваше НБА-лигата и нејзиниот комесар Адам Силвер.

Силвер беше „на удар“, бидејќи го поддржуваше генералниот директор на Хјустон, Дери Мори, кој беше на работ на линч, бидејќи ги поддржуваше луѓето во Хонг Конг, кои со месеци протестираат против кинеските власти.

Силвер се претстави како борец за слобода на говор и го искористи ова за да го заштити Мори, кој пружи поддршка за насилните протести во Хонг Конг, објави „ЦЦТВ“.

По острите критики следуваа и закани.

Тој ја помина секоја мера навредувајќи ги луѓето во Кина, се со цел да се спријатели со американски политичари. Тој измислуваше и лажеше само да ја повреди Кина и не може да му биде простено. Силвер има двојни стандарди, а Мори има проблеми со карактерот. Ние ќе му се одмаздиме порано или подоцна, велат од кинеската државна телевизија.