Проблемите за Попович не престануваат: САД без уште еден клучен играч на Мундобаскетот во Кина

Репрезентацијата на САД нема да може да смета на уште еден кошаркар за претстојното Светско првенство во Кина, откако подготовките Миндобаскетот ги напушти бекот на Сакраменто, Ди Арон Фокс, кој избра да се концентрира на новата сезона во НБА лигата.

Решението на 21-годишниот Фокс доаѓа околу една недела откако стана јасно дека неговиот соиграч во „кралевите“ – тешкото крило Марвин Бегли, исто така, доброволно се повлекува од тимот на САД, за да се фокусира на неговата индивидуална подготовка за претстојната сезона. 20-годишниот Бегли и Фокс, кој е еден од најбрзите играчи во НБА лигата, првично беа во „Б“ тимот, но за време на подготовките на Американците беа донесени во првиот состав и имаа шанса да влезат во финалниот тим за Светското првенство кое започнува на 31 август.

Фокс одигра само 6 минути за Американците при победата од 90:81 во контролниот натпревар против Шпанија, постигнувајќи 2 поени.

Во последните неколку дена, плејмејкерот за шампионите во НБА, Торонто – Кајл Лаури и крилото на Хјустон, Пи Џеј Такер, исто така, објавија дека се повлекуваат од тимот. Двајцата не се целосно извлечени од различни физички проблеми.

Така, за Австралија, каде тимот САД ќе ги продолжи своите подготовки, заминуваат 13 играчи. Еден од нив на крајот ќе биде отфрлен, но селекторот Грег Поповиќ сè уште не донел конечна одлука кој да ги претставува САД во Кина.

Добрата вест за тренерот на Сан Антонио Спарс е поврзана со бекот на Бостон, Маркус Смарт, кој веќе се опорави од повредата.