Пријателите открија каков бил пилотот кој ги однесе во смрт Коби Брајант и неговата ќерка

Коби Брајант, неговата ќерка Џиана и седум други лица загинаа во неделата во хеликоптерска несреќа во Калифорнија.

Причината за несреќата сè уште се истражува, а резултатите од истрагата не се очекува да бидат откриени во скоро време. Се верува дека главната причина за катастрофата била маглата што предизвикала авионот да удри во планината.

Меѓу деветте жртви беше и пилотот Ара Зобајан (50). Еден ден по несреќата, се огласија и неговите колеги и пријатели. Сите имаа само пофални зборови за него, велејќи дека бил прекрасен човек, постојано насмеан и шегобиец.

Да, повеќето од нас пилотите се егоисти, но Ара не беше. Тој секогаш беше опуштен и смирен, истакна неговиот пријател, Џаред Јоким.

Неговите зборови секогаш беа на место и беа полни со љубов. Тој секогаш беше подготвен да се смее, додаде Јоким, истакнувајќи дека Ара бил особено приврзан кон Коби Брајант и неговото семејство.