Прекрасен момент помеѓу Џејмс и Вејд: Си ги разменија дресовите како фудбалери (ВИДЕО)

Леброн Џејмс и Двејн Вејд синоќа се сретнаа во „Стејплс центарот“ и уште еднаш покажаа дека имаат нераскинлива братска врска. Вејд најави повлекување од НБА-лигата, додека Џејмс ќе остане да брка уште многу рекорди. 

По завршувањето на мечот помеѓу Лејкерс и Хит, кој домашните го добија тесно со 108-105, Леброн Џејмс и Двејн Вејд завршија во прегратка. Двајцата влегоа во НБА-лигата иста година, а своето пријателство го продолжија кога Џејмс реши да му се приклучи на Вејд во Мајами. Заедно освоија и шампионска титула, но и откако Џејмс си замина од Хит тие останаа најдобри другари.

Утринава по мечот, во стилот на фудбалските ѕвезди си ги разменија дресовите за спомен од нивниот можеби последен меѓусебен дуел. 

Леброн Џејмс го заврши натпреварот со 28 поени, 12 асистенции и девет скока, додека најдобар на паркетот беше Кајл Кузма со 33 поени. Двејн Вејд финишираше со 15 поени и 10 асистенции.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Голден Стејт - Минесота 116-108
Феникс - ЛА Клиперс 119-123 (пп)
Денвер - Мемфис 105-99
Далас - Орландо 101-76
Оклахома - Јута 122-113
Милвоки - Кливленд 108-92
Чикаго - Сакраменто 89-108
Бостон - Њу Орлеанс 113-100
Филаделфија - Детроит 116-102
Индијана - Вашинготон 109-101