Предавство во Лос Анџелес: Рондо се сели во градскиот ривал на Лејкерс?

Фантастичниот плејмејкер на Лос Анџелес Лејкерс, Ражон Рондо наскоро би можел да го напушти тимот и да се пресели во големиот ривал Лос Анџелес Клиперс.

Клиперси, наводно, се заинтересирани за Рондо откако се разочарале од настапите на нивниот кошаркар Патрик Беверли, па решение за плејмејкерската позиција гледаат во Рондо.

Лејкерс планира да му понуди нов договор на искусниот кошаркар, но Рондо наводно им порачал дека ќе ги разгледа останатите опции и потоа ќе донесе конечна одлука за неговата иднина.