Пред една година почина Коби Брајант во хеликоптерска несреќа! (ВИДЕО)

Легендарниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс и една од најголемите ѕвезди во историјата на НБА-лигата, Коби Брајант пред една година почина во хеликоптерска несреќа.

Светот остана во шок на 26 јануари 2020 година, кога се појави веста дека паднал хеликоптерот на Брајант, а во несреќата настрадаа и неговата 13-годишна ќерка Џиана и уште седум патници.

Брајант, кој беше познат по прекарот „Црната Мамба“ во 2016 година се повлече од НБА-лигата како петкратен шампион, а цела кариера ја мина во Лос Анџелес Лејкерс.

Се смета дека е еден од најдобрите кошаркари во историјата на НБА-лигата и неговите дресови се повлечени од употреба во Лејкерс.

Ванеса Брајант поднесе тужба против компанијата во чие сопствеништво беше хеликоптерот и го обвини пилотот дека направил голема грешка и полетал при ужасни временски услови.