Познат датумот за НБА-драфтот

Американските медиуми ја пренесоа веста дека НБА лигата го усвоила прелогот за довршување на сезоната во најсилното клуспко кошаркарско натпреварување со 22 екипи и во сосема поинаков формат.

Сезоната во НБА лигата, која беше прекината поради пандемијата на коронавирус, треба да продолжи на 31 јули, а треба да заврши до 12 октомври, што е можен датум за евентуален седми натпревар од големото НБА финале.

Поради пандемијата на коронавирус, НБА-драфтот беше одложен од претходно, но сега пристигнаа информации за нов датум кога екипите ќе имаат можност да ги изберат своите нови играчи.

Предлогот на НБА драфтот за 2020 година треба да се одржи на 15 октомври, а драфтот  „лотарија“ нешто малку порано, односно на 25 август.

Информациите за новиот датум за драфт ги откри реномираниот новинар на ЕСПН, Адријан Војнаровски, кој секогаш е добро информиран за настаните во НБА лигата.