Потег за почит: Гасол реши летово да спасува мигранти (ФОТО)

Марк Гасол летово се приклучи на организација за спасување мигранти, кои се обидуваат да стигнат до Европа.

Вчера Гасол учествуваше во акција на спасување Камерунка, која полусвесна пловела на отворено море.

„Гнев, немоќ и многу други работи ги следат луѓет во море, моја почит за екипата со која работам и која не седи мирно“, напиша Гасол.

Камерунката имаше среќа, но уште една жена и дете кои биле во издишен чамец немале. Гасол инаку реши да се приклучи на организацијата кога виде фотографија од малиот Ајлен Курди удавен на брегот на Турција.

Од тогаш на сите начини им помага на организацијата, а минатото лето не можеше да им се приклучи затоа што играше за Шпанија на Евробаскетот, но сега времето го поминува во спасување на човечки животи.