Мајами хит ќе игра во арена спонзорирана од порно компанија!?

Арената во која своите натпревари ги игра НБА-тимот Мајами хит е во потрага по нов спонзор, откако компанијата „Американ ерлајнс“ објави дека нема да го обнови договорот, што истекува годинава.

Прва компанија која се јави за да биде спонзор на арената е „БенгБрос“. Ова е продукциска компанија стационирана во Мајами, која прави филмови за возрасни. Дека се сериозни во намерата да го откупат името на спортската арена, веќе и испратиле и официјална понуда од 10 милиони долари. Порно компанијата сака да ја именува арената во „БенгБрос Центар“ или „ББЦ“. 

Дали НБА-тимот Мајами ќе сака да биде поврзуван со порно индустријата е друго прашање, но од „БенгБрос“ веруваат дека имаат шанса да ја спонзорираат арената. Веројатно ќе биде многу смешно кога коментаторите ќе ги најавуваат натпреварите во „БенгБрос центар“ или што ќе им кажат родителите на своите деца, кога ќе ги носат на натпреварите - што значи „БенгБрос?“.