Поранешна НБА-ѕвезда осудена на три ипол години затвор

Себастијан Телфер никогаш во НБА-лигата не успеа да настапува како што го правеше тоа во средното училиште во Њујорк, па поранешниот голем талент сега мора да замине зад решетки.

Телфер беше еден од најдобрите кошаркари во средно училиште, па реши да го прескокне колеџот и да заигра во НБА-лигата, а беше 13. пик во 2004 година.

Никогаш не успеа целосно да се докаже, па во десетгодишниот престој во најсилната лига во светот, постојано менуваше тимови.

Првпат беше уапсен поради недозволено носење на оружје уште во 2007 година, а тогаш призна дека е виновен и доби условна казна од три години.

Пред две години повторно беше запрен, зашто возеше без дозвола, а во автомобилот беше пронајдено оружје, марихуана и панцир. Тој се изјасни дека не е виновен, а по судењето денеска доби затворска казна во рок од три ипол години.