Поранешна ѕвезда на Сакраменто суспендирана поради - дрога!

Индијана пејсерс остана без искусниот бек Тајрик Еванс, кој беше суспендиран на две години поради користење на дрога.

Според правилата, НБА-лигата не ги објавува резултатите од анти-допинг контролата, односно за кои супстанции станува збор, но едно е сигурно, а тоа е дека Еванс ќе паузира долг период.

„Казната ја разбравме сериозно и ќе му дадеме поддршка на Тајрик во ситуацијава“, соопштија од Индијана.

Еванс во минатото играше за Сакраменто кингс двапати, а четири години помина и во Њу Орлеанс пеликанс.