Полувреме од соништата за Лука Дончиќ против Чикаго!

Словенечката суперѕвезда Лука Дончиќ одигра полувреме од соништата за својот Далас Маверикс, откако вечерва за едно полувреме против Чикаго постигна 30 поени и многу близу е до нов трипл-дабл, зашто додаде седум скока и пет асистенции, но неговиот тим има и на вака импртесивен настап огромни минус 15 против „биковите“.

Дончиќ даде 20 поени во една четвртина, стигна до 30 севкупно до полувремето, погодувајќи повеќе од половина поени на својот тим (52) и веројатно ќе си го урне својот личен рекорд по број на поени во НБА, а се запишува во историјата како еден од малкумината што успеале да дадат толку поени во првото полувреме.

Рекордот го имаат Кевин Дурант и Чарлс Баркли со по 38 поени.