Полицијата објави потерница за апсење на ѕвезда на Лејкерс

Демаркус Казинс има сериозни проблеми со законот во САД, бидејќи полицијата во Мобајл, Алабама, објави налог за негово апсење поради домашно насилство. 

Поранешната девојка на кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Кристи Вест побарала забрана за приближување. Таа навела во полицијата дека Казинс постојано и се заканувал, а во еден инцидент дури и физички ја нападнал.

Казинс наводно упатувал смртни закани до Вест, бидејќи се расправале, бидејќи таа недозволувала нивниот седумгодишен син да присуствува на свадбата на кошаркарот.

Очигледно работите за Казинс воопшто не изгледаат добро, бидејќи освен што заработи тешка повреда на стартот на подготовките откако потпиша со Лејкерс, сега има и сериозни проблеми со законот.