Плоштад во Италија преименуван во „Коби и Џијана Брајант“ (ВИДЕО)

Коби Брајант и неговата ќерка Џијана пред точно една година загинаа во трагична хеликоптерска несреќа во Калифорнија, САД. 

Целиот свет сè уште тагува по легендарниот кошаркар и големата спортска ѕвезда. Брајант голем дел од своето детство мина во Италија, поточно во гратчето Реџо Емилија, каде неговиот татко играше како професионалец за Кантине Риуните. Градот реши во чест на Кови и Џијана да преименува еден од своите мали плоштади.

„Градот Реџо Емилија и неговите жители го сакаа, прво Џо, а потоа и Коби Брајант, детето кое кога се врати во САД секогаш се сеќаваше на љубовта на Реџо. На овој тажен ден сакаме да се сеќаваме на тоа среќно момченце, кое остави многу убави спомени за луѓето во Реџо Емилија“, рече заменик претседателот на Фондацијата за Спорт на Реџо Емилија, Емануеле Макафери.