Пилотот кој го возел Коби во 2015 година бил казнет поради лет при лоши временски услови

Пилотот кој го возел Коби Брајант во кобниот лет во Калифорнија, Ара Зобајан пред пет години бил сериозно казнет поради лет без дозволи во забранет воздушен простор при намалена видливост, објавија американските меидуми, откривајќи нови детали од трагедијата која го потресе светот.

Хеликоптерот со Брајант, неговата ќерка и уште седум други патници се урна на пат кон „Мамба академијата“ во планинскиот предел во Калифорнија и сите патници загинаа на лице место. Медиумите повеќе од еден месец се обидуваат да ископаат најразлични детали, од тоа како е дадена дозвола за лет во густа магла кога целата флота на полицијата била приземјена, преку тоа како хеликоптерот ги немал сите потребни дозволи, па преку тоа дека полотот направил неколку кобни грешки во текот на летот до кобниот момент.

Сега, според документите на федералната воздухолповна служба (ФАА), Зобајан во 2015 година ги прекршил правилата за летање, зашто влегол во забранет воздушен простор при намалена видливост и за тоа добил казна, зашто немал никаква дозвола за такво нешто. Не е јасно каква казна добил, ниту дали летал со празен хеликоптер или полн со патници.

Зобајан го полетал хеликоптерот, кој немал дозвола да лета по лоши временски услови, но добил „зелено светло“ за да лета по инструменти, но... Засега лошите временски услови и густата магла се причина за трагедијата, откако од НТСБ објавија дека немало видливи проблеми со моторите.

Истрагата за несреќата е во тек, а од пред неколку недели е најавено дека за една година би требало да се знаат точно сите причини за падот во кој загина кошаркарската легенда.