Ова не е нормално: Магичниот Харден испиша историја во НБА (ФОТО)

Хјустон рокетс со пресврт во последната четвртина славеа на домашен терен против Сан Антонио спарс со 111-105, а Џејмс Харден одигра уште еден одличен меч.

„Брадата“ постигна 61 поен, седум скокови и три украдени топки, па во завршните пет минути Харден со 13 поени по ред направи целосен пресврт.

Харден одигра меч за историја. Тој го израмни рекордот од 61 поен на натпревар, па така стана четврти кошаркар во НБА-лигата со повеќе од еден меч со најмалку 60 поени. Пред него се Вилт Чемберлен, Коби Брајант и Мајкл Џордна.

Освен тоа, Харден синоќа постигна девет тројки и така влезе во друштвото на најдобри тројкаши во историјата. Сег аима 1979 погодени тројки во кариерата и се наоѓа на десетото место. Набрзо ќе го премине и Џејсон Кид на деветтата позиција, кој има само девет тројки повеќе од него.

Хјустон во моментов има резултат 46-27 и се бори со Портланд за третото место на Западот пред почетокот на плејофот.