Официјално: Лејкерс ја најде замената за Демаркус Казинс

Искусниот кошаркар Маркиф Морис официјално потпиша за екипата на Лос Анџелес Лејкерс.

„Езерџиите“ пред неколку дена го отпуштија Демаркус Казинс, кој се повреди пред почетокот на сезоната и беше јасно дека нема да го гледаме на теренот оваа година.

Иако првично имаа трпеливост со него, на крајот беше решено дека е најдобро Казинс да го напушти клубот. Лејкерс реагираше експресно, доведувајќи го Морис да го замени Казинс.

Лејкерс синоќа потврди дека Морис е најновото засилување на овој тим, и дека е договорена соработка до крајот на сезоната. Морис предходно играше во Детроит, Феникс, Вашингтон и Оклахома.