Официјално: Лејкерс го претстави новиот тренер! (ФОТО)

Како што се најавуваше во претходните денови, Лос Анџелес Лејкерс го претставија Френк Вогел за нов тренер на екипата.

Генералниот директор на Лејкерс, Роб Пелинк потврди дека потпишале тригодишен договор со Вогел, но повеќе детали не беа објавени од неговата соработка.

„Возбудени сме што Френк Вогел е нов тренер на Лејкерс. Тој има солидни резултати зад себе, па ние се надеваме на долга соработка“, вели Пелинк.

Исто така, треба да се спомене дека на Вогел ќе му помага легендарниот Џејсон Кид.