Официјално: Кармело Ентони потпиша со Хјустон (ФОТО)

Хјустон рокетс и Кармело Ентони ги завршија успешно долгите преговори, па одличниот кошаркар потпиша договор со новата екипа.

Според новинарот на „ЕСПН“, Адриен Војнаровски, Ентони ќе ги добие25,4 милиони долари кои му беа предвидени со договорот на Аталанта хокс кој го раскина, како и уште 2,4 милиони долари од едногодишниот договор со Хјустон.

Ентони минатата сезона имаше 78 настапи за Оклахома тандер, па имаше просек од 16,2 поени и 1,3 асистенции по натпревар.