Официјално: Бруклин продаден на Кинез за рекордна сума

Бруклин нетс од петок ќе има нов сопственик, откако досегашниот сопственик Мајкл Прохоров продаде 51% од своите акции на клубот и 100% од салата на кинескиот бизнисмен Џозеф Цаи за сума од 2,35 милијарди евра.

Промената на сопствеништвото во Бруклин мора да ја одобри уште и Одборот на сопственици во НБА-лигата.

Прохоров го купи тимот во 2010 година, а во 2012 година ги пресели во новата сала во Бруклин.

Во желба да излезат од сенка, Бруклин летовото се засилија со суперѕвездата Кевин Дурант, најкорисниот кошаркар во 2017 и 2018 година, како и со Кајри Ирвинг.