Одржаната НБА-лотаријата: Познат е тимот каде најверојатно ќе игра Дончиќ

Синоќа се одржа драфт-лотаријата во НБА-лигата по што е познато кој тим ќе го има првиот пик на драфтот оваа година. 

Добитник на лотаријата е тимот на Феникс санс, кој од следната сезона ќе биде предводен од Александар Кокошков, српскиот стратег, кој беше помошник во Јута џез, а ја предводеше селекцијата на Словенија до златото на последниот Евробаскет.

Со оглед на тоа, јасно е дека најголемиот талент од Европа Лука Дончиќ, кој се пријави на годинешниот драфт, ќе заврши во Феникс. Се споменуваше дека Словенецот ќе биде помеѓу првите три пика, но откако Санс ја добија лотаријата, најверојатно ќе биде избран како прв пик токму од овој тим.

По Феникс, шанса да бираат на драфтот ќе имаат Сакраменто, Атланта, Мемфис и Далас. 

Драфтот ќе се одржи на 21 јуни во „Барклис арената“ во Бруклин.