Одложен мечот помеѓу Лејкерс и Клиперс поради смртта на Коби Брајант

Натпреварот помеѓу градските ривали од Лос Анѓелес, Лејкерс и Клиперс што требаше да се одигра вечерва е одложен и ќе се игра во друг термин, кој дополнително ќе биде објавен. 

НБА-лигата реши да го одложи натпреварот поради вчерашната трагична смрт на легендата на Лејкерс, Коби Брајант, кој загина во хеликоптерска несреќан заедно со неговата 13-годишна ќерка Џијана и уште седум други лица.