Објавена снимка од првиот танц на венчавката на Јокиќ (ВИДЕО)

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ се венчаше со Наталија Мачешиќ, а во српските медиуми веднаш беше објавена снимка од нивната свадба.

На интернет се појави видео на кое може да се забележи првиот танц на Јокиќ на венчавката во Сомбор, каде што танцува на песна на легендарниот Балашевиќ.