Новите кошаркари на Кливленд одбраа дресови во чест на Коби Брајант! (ФОТО)

Кливленд вечерва гостува кај Бостон во „ТД Гарден“ во дербито на Источната конференција во НБА-лигата. Интересно е тоа што дебитираа сите четворица нови играчи на Кавалирс, но специфичен впечаток оставија поранешните играчи на Лејкерс, Џордан Кларксон и Лери Ненс Џуниор.

Двајцата одбраа бројки на дресовите во чест на легендарниот Коби Брајант. Кларксон игра со бројот 8, додека Ненс со бројот 24.

Овие два дреса, односно бројки никој нема да може да ги носи во таборот на Лос Анџелес лејкерс поради тоа што клубот ги пензионираше на кровот на „Стејплс“ во чест на Брајант.