Новите „клинци“ во Кливленд блеснаа за убедлив триумф сред Бостон

Кливленд славеше со 121-99 на гостувањето кај Бостон во дербито на Источната конференција во НБА-лигата.

Новиот ремонтиран Кливленд покажа дека свежината во тимот влијаела позитивно на играта и уште на првиот натпревар новајлиите покажаа дека ќе бидат вистински засилувања.

Неизвесно беше само во првата четвртина, која Селтикс ја добија со 32-31, но потоа постоеше само еден тим на паркетот, а тоа беа Кавалирс. Леброн Џејмс го предводеше својот тим со дабл-дабл ефект со 24 поени и 10 скока. Охриѓанецот Чеди Осман доби 29 минути и постигна 12 поени. Новајлиите Џордан Кларксон, Џорџ Хил и Родни Худ беа со двоцифрен ефект во нападот односно постигнаа по 17, 12 и 15 поени. Лери Ненс Џуниор реализираше пет поени.

Кај Бостон, Тери Розиер беше најефикасен со 21 поен, Кајри Ирвинг постигна 18 поени.

На останатите натпревари вечерва
Шарлот - Торонто 103-123
Атланта - Детроит 118-115