Новицки постави нов личен рекорд!

Кошаркарот на Далас, Дирк Новицки продолжува да напредува на вечната листа во НБА лигата.

Легендарниот Германец минтата ноќ против Бруклин го одигра својот 1458. натпревар во лигата  сега се наоѓа на петта позиција на листата.

Пред Германецот, кој планира и наредната година да игра во Далас, остануваат уште Карл Мелоун (1476), Џон Стоктон (1504), Карим Абдул-Џабар (1560) и Роберт Периш (1611).

Новицки цела НБА кариера ја помина во екипата од Тексас, со која ја освои титулата во 2011. година.