Нови резултати од гласањето за Олстар: Дончиќ има повеќе гласови од Кари! (ФОТО)

НБА-лигата денеска објави нови резултати од гласањето за Олстар натпреварот, а Лука Дончиќ има неверојатен пласман и изненади многумина.

Словенецот во дебитантската сезона постигнува во просек по 19,8 поени, 6,7 скокови и 4,9 асистенции, па ја воодушеви публиката, а доказ за тоа е податокот дека има повеќе гласови од Стеф Кари.

Дончиќ во гласањето собра 2.220.077 гласови, а на Западот од него повеќе има само Леброн Џејмс, поточно 2.779.812. Повеќе од него имаат Кајри Ирвинг и Јанис Антетокумпо, но тие се наоѓаат во Источната конференција.

Олстар натпреварот ќе се игра на 17 февруари во Шарлот, а гласовите на публиката се 50% од изборот на стартната петорка. Останатите проценти доаѓаат од страна на кошаркарите и претставниците на медиумите.