Новата сезона во НБА ќе почне со – спектакл во ЛА!

Новата сезона во најсилната кошаркарска лига НБА ќе стартува на 22 октомври и на почетокот ќе има – спектакл.

Американските медиуми објавија дека новата сезона ќе почне со битката за Лос Анџелес помеѓу Лејкерс и Клиперс, како и со дуелот на актуелниот шампион Торонто Рапторс против Њу Орлеанс Пеликанс. Според најавите, наскоро НБА лигата ќе го објави комплетниот распоред на сезоната.

Дуелот на двата тима од ЛА е посебно интересен зашто Лејкер со Леброн Џејмс и новото засилување Ентони Дејвис ќе се соочат со засилените Клиперс, кои летово го донесоа МВП-то од финалната серија Каваи Ленард, како и Пол Џорџ. Од друга страна пресметката на првакот Торонто со Њу Орлеанс ќе биде во фокусот и поради дебито на првиот пик на драфтот Зион Вилјамсон, на кого му се предвидува кариера дури подобра од Леброн.