Нова симултантка на Дончиќ, Леброн и Лејкерс подобри од Роуз и Минесота (ВИДЕО)

Кошаркарите на Далас загубија на гостувањето кај Јута со 102-117, но и покрај тоа мечот го одбележа одличниот Лука Дончиќ.

Репрезентативецот на Словенија одигра одличен натпревар, иако неговиот тим го претрпе и осмиот пораз сеознава. Најкорисниот играч во Евролигата од ланската сезона забележа 24 поени, шест скока и две асистенции за 35 минути поминати на паркетот.

Сепак, ниту тоа не беше доволно за Далас да го избегне поразот од Јута, која ја предводеше Донован Мичел со 23 поени, пет скока и седум асистенции, како и Руди Гобер со 17 поени и 10 скока. Далас сега има скор од 3-8, а Јута е на 5-6.

Лос Анџелес Лејкерс со 114:110 ја победи Минесота. Леброн Џејмс беше главен во триумфот и само за една асистенција не успеа да забележи трипл-дабл. „Кралот“ со 24 поени беше најефикасен во својот тим, имаше десет скокови и девет асистенции. Уште една одлична пртија прикажа Дерик Роуз кој уфрли 31 поен. Леброн Џејмс има постигнато најмалку 10 поени на 884 натпревари по ред.

Резултати:
 
Кливленд - Оклахома 86-95
Орландо - Детроит 96-103
Атланта - Њујорк 107-112
Мајами - Сан Антонио 95-88
Индијана - Филаделфија 94-100
Мемфис - Денвер 89-87
Њу Орлеанс - Чикаго 107-98
Јута - Далас 117-102
Сакраменто - Торонто 105-114
ЛА Лејкерс - Минесота 114-110