Нов трипл-дабл на Дончиќ за победа на Далас во тексашкото дерби (ВИДЕО)

Тексашкото дерби во НБА лигата му припадна на Далас кој славеше над Сан Антонио со 109-103, пред се благодарение на новиот трипл-дабл на Лука Дончиќ.

Магичниот Словенец забележа 24 поени, 14 асистенции и 10 скокови и заедно со соиграчот Порзингис, кој запиша 28 поени и 12 скокови, го предводеа Далас до 36. победа сезонава во најквалитетното клупско кошаркарско натпреварување.

За Дончиќ ова е 21-ви трипл-дабл во кариерата со кој се изедначи со Џејсон Кид кога е во прашање ваквото остварување.  

На спротивната страна Демар Дерозан забележа 27 поени, девет асистенции и осум скокови, но тоа не беше доволно за победа на овој меч.

Уште едно големо дерби беше одиграно оваа ноќ, каде што Бостон славеше над Јута со 114-103.

Резултати: Шарлот - Њујорк 107-101, Кливленд - Филаделфија 108-94, Вашингтон - Бруклин 110-106, Атланта - Орландо 120-130, Мајами - Минесота 126-129, Хјустон - Мемфис 140-112, Сан Антонио - Далас 103-109, Феникс - ЛА Клиперс 92-102, Јута - Бостон 103-114.