Нов траорен момент: Идентификувано телото на Коби Брајант!

Американските медиуми утринава, по македонско време, објавуваат дека е идентификувано телото на Коби Брајант, кошаркарската легенда кој беше во хеликоптерот кој во неделата се сруши во близина на Лос Анџелес.

Полицијата пронашла четири тела во близина на местото на несреќата, а ѕвездата на Лејкерси бил потврден спред отпечатоците на прстите. Останатите припаѓале на двајца мажи и една жена, чии имиња не се потврдуваат.

Во хеликоптерот на популарната „Мамба“ била и неговата 13-годишна ќерка Џиана, за која сѐ уште нема потврда дека пронајдена. Сцените на местото на несреќата се ужасни, а проценките се дека никој од патниците немал никакви шанси да ја преживее.