Њујорчани плаќаат и по 350 долари за да го гледаат Никс во „Медисон Сквер Гарден“

Навивачите ширум светот се надеваат дека наскоро ќе може да се вратат на стадионите и во салите, а сега посебна „привилегија“ добија фановите од Њујорк кои може да гледаат НБА натпревари, но тоа ќе ги чини ептен скапо.

Дел од навивачите на Њујорк никс минатата ноќ беа подготвени да платат и по 250 долари за да можат да направат брзи тестови на ковид-19 и да добијат потребна дозвола за да влезат во „Медисон Сквер Гарден“.

Според правилата кои се на сила од минатата недела, спортските настапи во сала и на стадионите со повеќе од 10.000 седишта можат да примаат до 10 проценти од капацитетот. Услов за сите кои сакаат да влезат е да имаат негативен тест направен во последните 72 часа.

Решение постои и за тие кои немаат таков тест, но чини 250 долари. За таа сума во Њујорк може да добиете резултат за половина час, а на навивачот Ентони Џонс не му е проблем да даде и толку пари.

„Заробен сум дома речиси година ипол, па ќе трошам колку што е потребно за да бидам на натпреварите“, кажа навивачот.

Тие кои немаат негативни тестови, тоа може да го направат и во близина на салата, но за двајца цената е вистинско богатство, односно 700 долари, односно 500 за два теста и по 100 долари за билети.